вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Мисајловски: Никој веќе не им верува, СДСМ и Заев се прочитана книга

Мисајловски: Никој веќе не им верува, СДСМ и Заев се прочитана книга

Нема ниту еден реализиран проект, не се градат нови фабрики, болници, училишта, ниту нови работни места. Не се гледа светлото на крајот од тунелот, депресијата и апатијата се присутни насекаде. Никој веќе не им верува. СДСМ и Заев се прочитана книга.

Цврсто сум уверен дека сите генерации имаат извлечено поуки од изминатите триесет години и дека имаме квалитет, капацитет и силна мотивација за да ги исправиме работите тука.
Сите ние се бориме нашите деца да останат тука и да растат во силна, стабилна и економски просперитетна обновена Македонија.

Обновата во својата суштина ќе донесе еднаква правда за сите, ефикасна администрација, подобрена бизнис клима, посилно образование, организирано здравство, стабилна енергетика, побрз транспорт, спорт поставен на здрави основи,поголема екологија, поголем стандард и поголеми плати и пензии.

Достоинство и силно национално чувство. Повеќе за сите ! Обновата доаѓа ! Објави на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Коронавирус