среда, 2. декември 2020. Вести денес: 167
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Мисајловски: Ние сме Македонци и ќе останеме Македонци

Мисајловски: Ние сме Македонци и ќе останеме Македонци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес одржа прес-конференција по која на новинарско прашање одговори дека „Ние сме Македонци и тоа ќе остане“.

Како коментар на обвинувањата на Заев дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува со поништување на Преспанскиот договор, Мисајловски порачува:

„Ние не се закануваме, ние покажуваме она што граѓаните го мислат и што ВМРО-ДПМНЕ го мисли, ние сепак стоиме позади тоа дека овој договор е штетен. И ќе биде штетен и ќе остане штетен бидејќи се задира во идентитетот, се задира во се она македонско. И точно така ние веќе неколку пати кажуваме дека доколку граѓаните ни дадат шанса ние ќе пробаме да го ревидираме. Не се закануваме по никого сакаме да имаме пријатели насекаде, но се разбира не треба да се срамиме од тоа што сме и никогаш нема да се срамиме. Ние сме Македонци и ќе останеме Македонци каде и да сме“.

Коронавирус