среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 104
home Вести

Мисајловски: Нема да дозволиме Заев да распродава се што е македонско, затоа остануваме на улиците со граѓаните

Мисајловски: Нема да дозволиме Заев да распродава се што е македонско, затоа остануваме на улиците со граѓаните

Ништо не се знае, не се знае за што се преговара Заев. Тоа е најлошо што може да му се случи на секој граѓанин. Замислете граѓаните треба да дознаат за што преговара премир на нивна држава преку странски медиум, во случајов бугарски. Затоа сме тука ние пред владата, пред МНР. Ова се институции кои мора да дадат одговор. Заев е најголемиот трговец на се што е македонско, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на вклучувањето во вестите во 12.30 часот на телевизија Алфа.

Мисајловски посочи дека за разлика од СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ е партија што се грижи за интересите на македонскиот народ, на сите во државата.

„Тоа не е случај со власта. Сега ние имаме власт која се грижи за своите функции и за тендерите. Ние тоа нема да го дозволиме, нема да дозволиме да се распродава се што е македонско, идентитет, јазик, култура…“, кажа Мисајловски.

Тој ги повика сите да се придружат на протестот бидејќи како што рече се работи за Македонија.

„Ги повикуваме сите партии, сите граѓани, ова е борба за Македонија. Заев одбегнува средби со опозицијата, Заев сака сам да тргува“, посочи Мисајловски.

Коронавирус