среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Нас ни треба европски закон за ЈО, а доколку СДСМ сака насила да донесе закон и со ултиматум тогаш тоа е нивна одлика

Мисајловски: Нас ни треба европски закон за ЈО, а доколку СДСМ сака насила да донесе закон и со ултиматум тогаш тоа е нивна одлика

Ни треба европски закон, а тој европски закон секако треба да се направи со фелата и со експертите и постојано ние велиме дека треба да се слушне нивното мислење. Имавме добра шанса и јас ги поздравувам сите што ги слушнавме за овој закон и што дадоа критика за овој закон, затоа велиме ајде сите да го направиме овој закон и ние сме ЗА да го поддржиме овој закон доколку се прифатат најголемиот број на забелешки од фелата и експертите, ова денеска како гостин во вестите на МТВ го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Владо Мисајловски.

-Нас ни треба закон за целата држава, за целото општество не за политичките партии, многу пати во минатото видовме дека се она што се правеше од раководството на власта е на кој начин да се гони ВМРО-ДПМНЕ и како да се монтираат некои случаи. Тоа не смее да се повторни, не смее повторно да се оживее СЈО и не смее истите луѓе да ги земаат истите бонуси, добро е што фелата си го кажа своето мислење и ајде овие забелешки да ги преточиме во закон и со ова ВМРО-ДПМНЕ ваков закон ќе поддржи.

Тој додава дека ако со ултиматум и насила сакаат повторно да донесат закон како што беше во минатото тоа е одликата на СДСМ.

-Јас би повикал на разум, не е целта да се донесе брзо плет закон каде што повторно ќе има политиканство. Они можат да направат на сила се, но експертите го кажаа своето мислење, а меѓународната заедница секако треба да ги слушне сите овие експерти и секако дека ќе ги поддржи бидејќи нас ни треба закон не само за политичарите и за граѓаните кои што ги имаат сите оние предмети кои ги водат во судовите. Навистина има лавиринт во судството каде што секој еден е незадоволен од судството и затоа треба внимателно да се донесе овој закон, рече Мисајловски.

Коронавирус