среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Мисајловски: Наместо економски бум и Клинички центар, останаа само лагите на СДСМ и Зоран Заев

Мисајловски: Наместо економски бум и Клинички центар, останаа само лагите на СДСМ и Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната еденица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и свое видување за предвремените парламентарни избори.

Во однос на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски истакна дека истата е изработена со многу труд. Проектите кои што се наоѓаат во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се разработени до нивна финализација и токму поради тоа во изборната програма нема празни флоскули и проекти кои е нелогично да се остварат, туку само реално остварливи проекти, вели Мисајловски.

Економските показатели во државата покажуваат дека ситуацијата воопшто не е сјајна, иако СДСМ преку своите ПР методи ја манипулира јавноста дека се е во ред и дека економијата е стабилна.
Според Мисајловски, еднократната помош, односно задолжувањето, укажува на тоа дека Република Македонија е станата социјална држава.

„Наместо владата да инвестира во капитални проекти преку кои ќе се раздвижат преку 20 гранки, меѓу кои и градежништвото, тие се раздолжуваат онаму каде што можат во моментот и со тоа ја манипулираат јавноста дека нешто се работи. Немаме ниту еден нов автопат, нема ниту еден голем капитален проект. Ветуваа преку 500-600 милиони евра  за изградба на нов Клинички центар, но гледаме дека тоа беше уште една во низата лаги на СДСМ и Зоран Заев”, вели Мисајловски.

Мисајловски вели дека е дрско преку видео спотови да се манипулира јавноста дека е започната изградбата на Клиничкиот центар, а пред само неколку денови при посетата на општина Ѓорче Петров, со свои очи народот виде дека освен една празна ливада, таму нема ништо друго.

За тој Клинички центар нема ниту план, ниту визија, ниту колку ќе чини, ниту пак како ќе изгледа. Тоа се класични проекти на СДСМ, невидливи и нереални, заврши Мисајловски.

Коронавирус