понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мисајловски: Наместо црна кампања во стилот на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ оди со конкретни проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните

Мисајловски: Наместо црна кампања во стилот на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ оди со конкретни проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните

Во вечерашната емисија на МТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во Изборната единица 2 Владо Мисајловски, кој се осврна на изборната кампања и очекувањата од предвремените парламентарни избори на 15-ти јули.

Мисајловски истакна дека оваа изборна кампања во најголем дел ја поминува на терен и помеѓу граѓаните. Почитувајќи ги сите мерки за претпазливост, Мисајловски одржува средби со граѓаните, на кои граѓаните можат да ги искажат своите проблеми, потреби и очекувања по парламентарните избори. Тој вели дека секој политичар кој сака да ја добие поддршката од народот, не смее и не треба да се плаши од соочувањата со граѓаните очи в очи.

-Народот во Република Македонија е разочаран и потиштен поради она што се случува во државата изминатите речиси четири години. Иако секојдневните локални проблеми им се на прво место, сепак не можат да се помират со фактот на начинот на промената на уставното име, договорите за добрососедство со Бугарија и Грција, рекетот, криминалот и корупцијата. Тоа се работи кои македонскиот народ никогаш нема да ги заборави и за истите ќе ги казни СДСМ и Зоран Заев, вели Мисајловски.

СДСМ иако води негативна кампања исполнета со нечисти и нечесни игри, сепак тоа не ме заплашува. Често се случува да се појават возила кои ги следат функционерите на СДСМ, некои дури и се закануваат, но сепак тоа е матрицата на таа политичка опција. Во недостиг на квалитет и кадар, единствено нешто кое што останува е криминалот, заканите и уцените. ВМРО-ДПМНЕ не е како СДСМ и начинот на комуникација со народот не е со заплашување, туку со реални проекти за подобрување на животниот стандард, вели Мисајловски.

Коронавирус