четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски на средба со пазарџиите: За овие луѓе вреди да се работи и да се донесе обновата

Мисајловски на средба со пазарџиите: За овие луѓе вреди да се работи и да се донесе обновата

При денешната посета на населеното место Ченто, ги посетив и пазарџиите. Луѓето велат дека ја почувствувале економската криза која ја зафати државата, па сега пробуваат да застанат на нозе.

Иако не беа на никаков начин потпомогнати од државата, сепак овие луѓе се полни со ентузијазам и се желни за работа. Чесно и со труд го заработуваат секој денар и тоа е она што мене посебно ме прави среќен.

За овие луѓе вреди да се работи и да се донесе обновата. Ние и во изборната програма се обврзуваме да помогнеме на оваа категорија граѓани, со цел надминување на проблемите кои ги имаат.

Обновата доаѓа насекаде! Обновата победува!

Коронавирус