сабота, 15. август 2020. Вести денес: 63
home Вести

Мисајловски на средба со чаирчани: Никогаш повеќе не смее да се дозволи поделба на народот

Мисајловски на средба со чаирчани: Никогаш повеќе не смее да се дозволи поделба на народот

Денеска сум во посета на Чаир и чаирчани. Заедно со кандидатитите за пратеници во ИЕ2 Искра Крстевска и Емилија Ангелова поразговаравме со чаирчани, кои велат дека просперитетот, напредокот и проектите одамна не се дел од Чаир, напиша на Фејсбук носителот на листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Чаирчани се чувствуваат како граѓани од втор ред и тоа не смее да се дозволи. Секој граѓанин заслужува подеднакво исти права и подобар животен стандард. На денешната средба поразговаравме околу проектите од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и се согласивме дека мораме задно сплотени да победиме на 15-ти јули, а потоа да спроведеме се што сме ветиле. Мораме да обезбедиме достоинствен живот за секој еден граѓанин во Република Македонија, без разлика на неговата етничка припадност. Никогаш повеќе не смее да се дозволи поделба на народот, вели Мисајловски.

Граѓаните на 15-ти јули ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Коронавирус