сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Мисајловски на средба со бутелчани

Мисајловски на средба со бутелчани

Продолжуваме со средбите со граѓаните во рамки на акцијата “Обнова пред твојот дом”.

Денеска сме во Бутел каде што ја користиме можноста да размениме мислења со граѓаните за актуелната состојба во Република Македонија.

Факт е дека никогаш не било полошо. Системот не функционира, економијата веќе три години е во слободен пад, сиромаштијата расте, се носат непромислени мерки и закони со цел предизборни поткупи и обид за исправање на впечатокот дека понеспособна влада немало досега во историјата.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш по победата на 12-ти април и превземањето на власта во Република Македонија ќе започне со бескомпромисна и беспоштедна работа, брза лента која ќе ја придвижи државата напред со многу мерки, проекти и реформи бидејќи Македонија тоа го заслужува.

Бутел и бутелчани ќе дадат поддршка за обновата на Македонија, обајви на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Најнови вести

Коронавирус