петок, 29. јули 2022. Вести денес: 127
home Вести

Мисајловски: На СДСМ и ДУИ сите им се виновни само они се безгрешни

Мисајловски: На СДСМ и ДУИ сите им се виновни само они се безгрешни

Демократски чин е да се дебатира и разговара. Тоа е право на секој пратеник. Бурум нека дојдат во собранието, веќе имаме CV од сите кандидати, нека се отвори седницата и нека се разговара, изјави во дневникот на ТВ Сител потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Они се плашат дека ние ќе се јавиме повеќе пратеници и ќе дебатираме за секој нивен предлог. Веќе со месеци ја кочат таа комисија, они самите ја кочат бидејќи претходно си имаа неред меѓу себе кој ќе биде уставен судија. Зборам во коалицијата на власта. Сега од кога ги доставија имињата и ние доставивме исто така предлози имиња, каде што имаме право да кажеме кои се нивните, кои се нашите предлози и да види јавноста они што предлагаат, што предлагаме ние. Тоа што е закочено е неспособност на власта и на собранието. Кога не можат нешто да направат се жалат. Или им се криви во моментов пратениците, ако има некоја криза криви се граѓаните, некој од надвор им е крив, никогаш не собраа храброст да ја пронајдат вината во себе, истакна Мисајловски.

Тој рече дека единствениот виновник за оваа ситуација е во владата на СДСМ и ДУИ.

Коронавирус