понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 82
home Вести

Мисајловски: На Ромите во Македонија им се потребни подобри услови за живот

Мисајловски: На Ромите во Македонија им се потребни подобри услови за живот

Заедно со министерот за внатрешните работи Наќе Чулев и кандидатитот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски ги посетивме и нашите сограѓани Роми од населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.

Поразговаравме со нив околку актуелните теми, како и за претстојните предвремени парламентарни избори кои треба да се случат. Иако на неколку пати биле уценувани и биле мета на обид за поткуп, сепак овие луѓе велат дека достоинството не се купува со пари. Токму поради тоа цврсто стојат на ставот дека обновата е повеќе од неопходна.

На нив им се потребни подобри услови за живот и повисок животен стандард, а не дневно политички ПР методи преку кои се купуваат политички поени. Разочарани се и од локалната и од централната власт, и поради тоа се цврсто убедени дека на 15-ти јули поддршката ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Доаѓа крајот на сите притисоци, криминали и уцени. Република Македонија мора да тргне напред и да расчисти со несериозни и неразбрани политичари.

Доаѓа време за обнова на Македонија!

Коронавирус