среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Мисајловски: На 15-ти јули македонскиот народ ќе стави крај на сите порази и понижувања, доаѓа време на победи и успеси на Република Македонија

Мисајловски: На 15-ти јули македонскиот народ ќе стави крај на сите порази и понижувања, доаѓа време на победи и успеси на Република Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната единица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и свое видување за предвремените парламентарни избори.

Македонскиот народ на овие избори ќе одлучува за својата иднина и за иднината на Република Македонија. Овие парламентарни избори се можеби најважните од осамостојувањето на нашата земја. На овие избори ќе се гласа за ВМРО-ДПМНЕ или за сите други партии, за Македонија или за Зоран Заев, вели Мисајловски.

„Народот овој пат ќе може да стави крај на сите понижувања и омаловажувања од страна на СДСМ и Зоран Заев. Македонскиот народ никогаш порано не бил клекнат на колена и понижен. На 15-ти јули мора овие луѓе да се испратат во историјата и Република Македонија да продолжи да чекори гордо и со исправена кичма, а не со свиткана како што ја принудија овие неразбрани политичари”, истакна Мисајловски.

Народот е преморен од политички препукувања токму поради вакви штетни договори, за кои потоа мора да се троши многу време и енергија. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да посегне да потпише било каков договор кој би бил штетен за Република Македонија и нејзиниот народ. Доста е од понижувања и порази, мора да дојде време на победи за македонскиот народ, заврши Мисајловски.

Коронавирус