среда, 15. јули 2020. Вести денес: 55
home Вести

Мисајловски: Младите избираат Обнова на Македонија!

Мисајловски: Младите избираат Обнова на Македонија!

Слободно можам да кажам дека младите луѓе се друштвото во кое сакам што почесто да се наоѓам. Енергијата, знаењето, полетноста и креативноста се квалитетите кои мора да се искористат во обновата на нашата држава.

Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со младите луѓе од населеното место Автокоманда, општина Гази Баба.

Младите посакуваат перспективно општество, држава која пружа шанса на младите, политичари во кои младите ќе имаат сојузник. Зборувавме за бројни проекти кои тие сакаат да се реализираат во нивното населено место, како и за оние кои се во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните четири години. Ја препознаваат нашата визија за обнова на Република Македонија и силно ја поддржуваат.

Им заблагодарив за средбата која што многу ми значи и им посакав во иднина некој од нив да продолжи да ја води нашата земја кон уште поголеми успеси.

Младите избираат Обнова на Македонија!

#Заокружи14 #ОбноватаПобедува