вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 78
home Вести

Мисајловски: Македонија влегува во економска криза

Мисајловски: Македонија влегува во економска криза

Утринава во емисијата Утрински брифинг, свое вклучување имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој истакна дека граѓаните покрај пандемијата ги мачи и економската криза.

„Освен здравствена криза, мора да признаеме дека државата влага во голема економска криза. Фалат пари во Буџетот, имаме голема дупка, како да се обезбедат средства. Ние како партија повикувавме многу пати да се обезбедат и кредити, да се земат што е можно побргу. Но за жал власта не послуша и не се случи“, појасни Мисајловски.

Мисајловски вели и дека не се знае дали ќе има доволно средства во буџетот.

Тој исто така се осврна и на милионите потрошени од страна на власта за вработување на партиски кадри по локалните самоуправи во време на вондредна состојба.

-Треба многу подобро да се постават работите и да не се прават само политички поени или владата секој ден да излегува на 2-3 прес конференции каде што кажува какви мерки се носат, што треба да се крати од сите институции ,а од друга страна имаме привремени вработувања од пола милион евра во Бутел, во Гази Баба и да не ги набројувам, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус