среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 112
home Вести

Мисајловски: Македонија стана најслабата земја во прогрес поради најнеспособната влада во историјата, да бидеме промената што сите ја сакаме за подобра Македонија

Мисајловски: Македонија стана најслабата земја во прогрес поради најнеспособната влада во историјата, да бидеме промената што сите ја сакаме за подобра Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски се огласи на социјалните мрежи по последните случувања во државата. Мисајловски вели дека за само една година Македонија станува земја со најслаба демократија, економија и прогрес и токму поради тоа мора да има промени.

-Човек може да поднесе пораз до одредена граница. Но, кога некој ја преминува таа граница и не одбира средства да те порази, а со тоа те угнетува, тогаш се појавува нашата природна човечка одбрана. Оваа ВЛАСТ може да не угнетува, да не апси, да не тероризира, да не заќути, да не втурне во криза, да не заплашува, пали, навредува, да измислува обвиненија и да не прогонува, да работи неуставно, незаконски, антидемократски, да создава хаос и пропаганда, но ЌЕ ВЕ ИЗДРЖИМЕ И ЌЕ ВЕ ПОРАЗИМЕ, пишува Мисајловски.

Тој посочува дека за само скоро една година стануваме најслабата економија, најслабата демократија, најслабата земја во прогрес на било кое поле во цел регион, само поради една причина, а тоа е заради оваа НАЈНЕСПОСОБНА ВЛАДА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА !!!

-Вашата изјава и заклетва за почитување на Уставот и законите повеќе не постои, бидејќи вие ја уништивте парламентарната демократија во Македонија. Да почнеме да бидеме ПРОМЕНАТА што сите сакаме да ја видиме, да бидеме ПРОМЕНАТА за подобра МАКЕДОНИЈА !!!, заклучува Мисајловски во својата објава на Фејсбук.

Коронавирус