среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Вести

Мисајловски: Љубовта кон Македонија ни ја пренесоа нашите предци, наша должност е таа љубов да ја пренесеме на нашите деца

Мисајловски: Љубовта кон Македонија ни ја пренесоа нашите предци, наша должност е таа љубов да ја пренесеме на нашите деца

Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ преку видео спот на Фејсбук ги повика граѓаните да одберат повеќе за Македонија, да одберат повеќе за секого и најави дека обновата доаѓа.

-Лојалноста, грижата и добрината се вредности кои го красат секој вистински човек. И се разбира – работата. Јас не се срамам од работа, ниту пак се плашам од неа. Така сум воспитан. Соработката, дијалогот и добриот тим се значајна предност и вредност. Хармонијата во тимот, залагањето и желбата за успеси се клучни за добар резултат. Љубовта кон Македонија ни ја пренесоа нашите предци. Наша должност е таа љубов да ја пренесеме на нашите деца.
Затоа, одбери повеќе работа и ветувања кои докажано се исполнуваат.
Одбери повеќе за Македонија.
Одбери повеќе за секого.
Обновата победува! ??, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Лојалноста, грижата и добрината се вредности кои го красат секој вистински човек. И се разбира – работата. Јас не се…

Gepostet von Vlado Misajlovski am Samstag, 27. Juni 2020

 

Коронавирус