среда, 12. август 2020. Вести денес: 176
home Вести

Мисајловски: Конечно сите криминалци треба да одговараат, а за политичарите мора да се знае потекло на имотот

Мисајловски: Конечно сите криминалци треба да одговараат, а за политичарите мора да се знае потекло на имотот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски носител на листата кандидати за пратеници во ИЕ 2 на вечерашното гостување на изборната програма на телевизија 21 рече дека во Македонија нема правда има само криминал и корупција.

„Сакам конечно сите криминалци да завршат таму каде што им е местото. И повторувам одговорност за сите без исклучок. Секој ден слушаме за рекет, за тоа како се организира прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и врз други луѓе кои не размислуваат како оваа власт. Преку 80 проценти од граѓаните се незадоволни токму поради состојбата во оваа област. За тоа се криви сите политичари до сега. И доста зборуваме за оние крупни политички одлуки обичниот граѓанин не може да заврши обичен процес низ сите оние лавиринти низ правосудството. И ние во нашата програма бараме испитување на потекло на имот на сите политичари и тоа мора веднаш да се направи. Но да не заборавиме високата корупција мора да се процесуира низ институциите, но не треба да ги заборавиме граѓаните и нивните проблеми“, рече Мисајловски.

Според него власта до сега можеше многу да направи освен да гони една политичка партија.

„Се знае кој е тој што треба да постапува по овие процеси, не се тоа политичарите“, рече Мисајловски.

Обракајќи се на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, носител на листа на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Мисајловски рече дека СДСМ е на власт, а се однесува како опозиција, прашувајќи го зашто не напраија ништо за овие три години на власт.

Мисајловски укажа за да не се грижат граѓаните за иднината треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за да не бидат сведоци повторно на виртуелни проекти.

 

Коронавирус