сабота, 23. март 2019. Вести денес: 42
home Вести

Мисајловски: Кога политиката е присутна во судството, таму нема правда

Мисајловски: Кога политиката е присутна во судството, таму нема правда

Во кусото интервју за Република, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски ги коментираше случувањата поврзани со предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, како и одлуката на судот да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога политиката е присутна во судството, таму нема правда. За случајот на Никола Груевски секому е јасно дека се работи за видлив случај на политички прогон, во кој се суди затвор за добро (автомобил) кој е набавен и кое сè уште служи ѝ на Република Македонија. Автомобилот е тука, а на човекот му се суди со казна затвор. Понатаму, на партијата ѝ се замрзнува имотот за да не може да располага и финансиски се ослабне, иако како субјект не е предмет на обвинение или нова истрага, вели Мисајловски за Република.

Според потпретседателот на партијата ова значи дека политичкиот прогон за оваа власт станува примарен начин на делување.

-Ваквите притисоци се израз на колективна слабост и нервоза на власта. Замислите, таму некој го започнува, поминува и завршува денот размислувајќи како да им напакости на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините луѓе. Тоа говори за менталниот склоп, но и за капацитетот на оваа власт. Колку тие повеќе притискаат, толку ние повеќе сме одлучни да истраеме. И на крај ќе победиме заедно со народот, а некои од актуелните политичари ќе се срамат поради својата улога во овој политички терор, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски.