петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Кога и да закажете избори ќе ве победиме!

Мисајловски: Кога и да закажете избори ќе ве победиме!

Пак со истата матрица пробуваат незаконски да го вратат Собранието за да си ги изгласаат незаконските уредби на власта и во матно да закажат избори што побрзо за да ќарат некој политички поен од пандемијата, реагира потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Ама некако не им одат математиките па еден ден ќе го враќаат собранието, друг ден нивната коалиција не сакала, а трет ден им било поважно здравјето на граѓаните и не било време за избори.

Но реалноста е дека не знаат каде тераат.

Типичен Заевизам !!!

Епа ќе ви порачаме, кога и да закажете избори дали е јуни, јули, септември или октомври, ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ па какви сакате математики правете.

Сакате со кампања или без кампања, сакате со цел ваш медиумски простор, сакате со вашите донации и поткуп, сакате со вашите тендери и црни пари, сакате со вашиот терор и прогон, заедно со граѓаните ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ.

Народот ве прочита.

Скоро три години имате апсолутна власт.

Пет години земјата е во криза заради СДСМ.

Прашањето на овие избори е јасно:

-Дали народот подобро живее од пред три години !?

Јасен е одговорот што ќе го даде мнозинството од македонските граѓани, вели во својата реакција Мисајловски.

Кога и да има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ПОБЕДИ !!Пак со истата матрица пробуваат незаконски да го вратат Собранието за да…

Gepostet von Vlado Misajlovski am Samstag, 25. April 2020

Коронавирус