среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Мисајловски: Ќе ја исправиме Македонија само ако го победиме ова зло наречено СДСМ

Мисајловски: Ќе ја исправиме Македонија само ако го победиме ова зло наречено СДСМ

Некој ни ја свитка кичмата, заедно да ја исправиме. Тоа го можеме само ако го победиме ова зло, наречено СДСМ, порача носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој денеска за започна изборната кампања.

Тој им порача на граѓаните дека сите се потребни.

-Ни се случија мене и на моето семејство некои неубави работи, на локалните избори беше запалена мојата куќа. Сакаа да ме исплашат, да престанам да работам, да одам на терен. Да им порачам на сите, јас сум Владо Мисајловски Кендо ме викаат и не се откажувам. Гордо кренат насекаде, со исправена кичма ќе одам насекаде. Ќе бидам со граѓаните, со народот, тие со нивните криминалци, а јас со граѓаните во секое место, секој двор, на секоја улица. Јас, Владо Мисајловски ќе продолжам со позитивна кампања, јас сум таков. Што е подобро за Македонија, како да ја измениме Македонија. Да престане криминалот и корупцијата, ова што го прави Заев, Оливер Спасовски, Александар Наумоски и оние нарачатели на црни сценарија. Ќе разговарам со граѓаните за она што ги интересира, колку повисоки плати и пензии ќе добијат, колку инфраструктурни проекти ќе има насекаде во Македонија, истакна Мисајловски.

Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на предизборните активности ја посети црквата „Свети Петар и Павле“, која е симбол на Ѓорче Петров каде присуствуваше на молитва.

Коронавирус