среда, 12. август 2020. Вести денес: 116
home Вести

Мисајловски им одржа лекција на противниците: Со реално остварливи проекти покажува како се работи за татковината

Мисајловски им одржа лекција на противниците: Со реално остварливи проекти покажува како се работи за татковината

Одлучноста за обнова во земјава која во својата програма ја има ВМРО-ДПМНЕ, синоќа ја покажа и носителот на изборната листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски во дебатата на ТВ 21.

Тој презентирајќи дел од многубројните проекти кои ги содржи „Проект Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека партијата нуди конкретна програма и проекти направени и осмислени со работа и труд, а за подобро утре за сите граѓани.

Мисајловски децидно посочи дека започнал позитивна кампања од првиот ден, нагласувајќи дека така ќе продолжи до крајот на истата.

-Сакам да ги претставам сите проекти кои ги имаме во нашата убава програма која се вика „Проект Обнова“. Околу 1000 проекти кои се насекаде во Македонија, не само во изборната единица 2 и ќе обнова на инфраструктура, обнова на достоинството, на туризмот, на културата, обнова на семејните вредности. Повеќе средства за граѓаните и многу капитални инвестиции. Најавуваме поголеми плати, поголеми пензии. Најавуваме дека младите треба да си го најдат местото тука во Македонија и да останат да живеат тука. Знаете дека многу граѓани се разочарани, апатични од сето ова што се случува, не само изминативе три години, туку општо во политиката. Сакам да ги охрабрам сите граѓани дека има иднина тука, дека сите заедно можеме да направиме повеќе со конретни проекти, работи што секој еден ги заслужува. Затоа ќе ја бараме довербата со проекти, како да го обновиме нашето општество за секој да се чувствува подобро. Насекаде каде одам слушам доста граѓани се жалат и ме советуваат да не ги заборавиме нивните основни проблеми иако најчесто тие проблеми доаѓаат и од локална самоуправа. Ние како идни пратеници треба да се бориме како да го зголемиме буџетот за секое населено место, како да има повеќе средства за Ѓорче, Бител, Чаир за Куманово за сите места во ИЕ2, истакна Мисајловски.

Носителот на листа во изборната единица два посочи дела можеби не ветуваат брда и долини, но ветуваат 1000 проекти кои се реални и кои утре се обврзуваат да ги исполнат.

Коронавирус