понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 8
home Вести

Мисајловски: И покрај сите притисоци народот излезе и кажа НЕ на власта

Мисајловски: И покрај сите притисоци народот излезе и кажа НЕ на власта

 Народот на протестот излезе и кажа НЕ.  Сите ја видоа толпата и револтот кој се случува на секое поле. Ние таму појдовме да покажеме што точно се случува  во Република Македонија. Зборовите кои се кажани таму на протестот се моќни и ќе останат запаметени во историјата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во eмисијата Фактор на Телевизија 24.

Мисајловски потенцираше дека е благодарен на сите граѓани кои се охрабрија и излегоа да го поддржат протестот во саботата и ја искажаа својата поддршка и додаде дека ќе имаше уште повеќе доколку не постоеше целиот политички прогон кој се спроведува и доколку власта не го прогонува секој кој е од ВМРО-ДПМНЕ и или е политички неистомисленик на власта.

– Се плашат да излезат и ако бидат видени да не се случи тортура врез нив, затоа што сме сведоци дека и доколку некој напише нешто на Фејсбук утредента може да го посети полиција и да биде повикан на разговор, рече Мисајловски.

Тој посочи дека доколку власта сака опозицијата да биде нејзин коректив и да биде конструктивна тогаш и власта треба да биде конструктивна, а не да врши прогон против опозицијата и против секој кој има различно мислење од власта.