сабота, 15. август 2020. Вести денес: 60
home Вести

Мисајловски и Борко Ристовски во посета на ФК „Куманово Еуроспорт“: Спортот во Македонија заслужува обнова

Мисајловски и Борко Ристовски во посета на ФК „Куманово Еуроспорт“: Спортот во Македонија заслужува обнова

Овој убав ден го искористив да го посетам фудбалскиот клуб “Куманово Еуроспорт”. Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бране Петрушевски и како што народот милува да го нарече, министерот за одбрана Борко Ристовски, ги посетивме луѓето кои работат на градењето добра база на надежни фудбалери во овој крај. Спортот е благородна работа и тој не смее да биде никогаш жртва на политички игри. Тренерите од овој клуб велат дека се задоволни за игралиштето кое што го користат, едното од многуте изградени од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот мандат, но велат дека е потребна поддршка. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое своевремено изгради многу спортски објекти, меѓу кои и најсовремениот фудбалски стадион на Балканот и пошироко, СДСМ не може ниту да ги одржува и искоси игралиштата кои ги наследи. Тоа покажува за некадарноста и неработењето на СДСМ во однос на спортот и младите. Тоа не смее да се дозволи, бидејќи младината која здраво се развива, ветува светла иднина, објави на Фејсбук носителот на изборната листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација на сите проекти во однос на спортот и младите од изборната програма. Спортот во Република Македонија заслужува обнова.

Коронавирус