петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 22
home Вести

Мисајловски: Граѓаните недвосмислено сакаат промени и просперитет, Ѓорче Петров ќе одбере Обнова на Македонија

Мисајловски: Граѓаните недвосмислено сакаат промени и просперитет, Ѓорче Петров ќе одбере Обнова на Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на избирачката листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски денеска оствари средба со граѓаните на Ѓорче Петров.

-Зборувавме за актуелните теми периодов, за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, како и за соодветната заштита од истиот. Дискутиравме и околу политичката ситуација, предвремените парламентарни избори и очекувањата за иднината на Република Македонија. Граѓаните на Ѓорче Петров недвосмислено сакаат промени, просперитет и подобри денови за сите заедно. Затоа Ѓорче Петров ќе го одбере ВМРО-ДПМНЕ, ќе одбере Обнова на Македонија, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Локални избори 2021