недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Епа на 15 септември ви умре вашето СЈО

Мисајловски: Епа на 15 септември ви умре вашето СЈО

НА 15 СЕПТЕМВРИ !!!
НА 15 СЕПТЕМВРИ !!!

ЕПА НА 15 СЕПТЕМВРИ ВИ УМРЕ ВАШЕТО СЈО !

Денеска исчезнува хибридната форма за прогон кон ВМРО ДПМНЕ и сите што мислат поразлично од оваа власт.
Многу фактори застанаа позади оваа институција да ни ја прикажат како столб на правдата, како клучот за борбата против корупцијата, но на крај сакале или нејќеле да признаат сите ја гледаат оваа институција како Срамно Јавно Обвинителство.

Но ние нема да заборавиме за нивниот прогон кон ВМРО ДПМНЕ……
Нема да заборавиме за притисоците и местенките за промена на името……..
Нема да заборавиме дека за добра цена си поигруваа со правото и правдата……
Нема да заборавиме дека потрошија милиони евра без да подложат на ревизија и да немаат никаква одговорност за нивното трошење……
Нема да заборавиме дека се ставија во целосна функција на власта како нивни инструмент за политичко прогонување, но и креирање негативно јавно мислење за сите што не размислуваат исто како оваа власт……..

Но секој што си поиграл со правото и правдата
ЌЕ СИ ОДГОВАРА !!!

Напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски