четврток, 23. март 2023. Вести денес: 149
home Вести

Мисајловски: Доста е со омраза, нашите сограѓани сакаат позитивна политика!

Мисајловски додаде дека како политичка партија ќе продолжат да се борат, односно да бидат на браникот на интересите на граѓаните и државата и по цена на се она што ним може да им се случи.
Мисајловски: Доста е со омраза, нашите сограѓани сакаат позитивна политика!

Нашите сограѓани очекуваат позитивни политики, доста е да одеме во една слепа улица каде повторно ќе владее омраза. Ние моментално имаме омраза, не кај мене. Но, гледате тој прогон што се случува тој ќе продолжи. Ќе продолжи по секој еден од нас што мисли поинаку, потенцираше Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешната гостување на телевизија АЛФА , во емисијата „Алфаскоп“.

Според Мисајловски, се уште има луѓе кои ја сакаат државата и кои што се радуваат на секој успех во државата. Според него, оној кој што ги продава националните интереси не е во интерес ниту на граѓаните ниту во интерес на државата. Тој додаде дека сето она што е неуставно и штетно еден ден Уставниот суд мора да го укине.

-Сето она што е штетно и неуставно, еден ден Уставниот суд треба да го поништи. Не треба ВМРО-ДПМНЕ да биде тој кој што постојано ќе збори. Уставниот суд сам тоа треба да го види. Каде се тие академици со исклучоци секоја чест, каде се тие интелектуалци што постојано излегуваа некој период и кажуваа многу невистини. Сега треба тие да застанат и да си го кажат своето мислење, тоа што го чувствуваат. Вие да бидете избран академик треба пред се да сте горд академик на Македонија што сте таму, констатираше Мисајловски.

Мисајловски додаде дека како политичка партија ќе продолжат да се борат, односно да бидат на браникот на интересите на граѓаните и државата и по цена на се она што ним може да им се случи.

На новинарското прашањето дека СДСМ во предизборниот период ветувале изградба на 6000 километри автопат, Мисајловски ја окарактеризира како голема лага. Според проектите кои ги започнале и реализирале ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ сака да ги прикаже како свои поради тоа што тие слабо работата и немаат концепт за работа.

-Тоа е лага. Километар да, тоа е реално, и повеќе од километар е реално, но 600 километри автопат е нереално и тоа е лага. Еве јас цврсто стојам на тоа дека е лага. Ако они го направат тоа јас ќе ги поздравам, секоја чест. 600 километри автопат вие треба да го испроектирате. Они немаат проекти за тоа, изјави потпретседателот Мисајловски.

 

 

loading...

Најнови вести