среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Вести

Мисајловски до СДСМ: За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок?

Мисајловски до СДСМ: За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок?

Од општина Штип, раководена од Благој Бочварски од СДСМ, се пофалија дека за една година направиле, верувале или не, еден километар пат.

Граѓаните на социјалните мрежи со бројни коментари за овој, како што го нарекуваат, срам!

Се огласи и поранешниот министер за транспорт и врски, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој оцени дека ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата:

„Озбилни сте ?

За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок ?

После ваков отчет за една година треба да ја пишете и изработката на сликичкава дека сте ја направиле, барем сте се потрудиле и за тоа.

Дефинитивно ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата….“