четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мисајловски до Манчевски: Владата на СДСМ не направи никакви реформи во судството

Мисајловски до Манчевски: Владата на СДСМ не направи никакви реформи во судството

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва на емисијата „Патот кон“ на Алсат Телевизија во дискусија со министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, истакна дека владата на СДСМ не донесе никакви реформи во судството, како и тоа дека СДСМ инсистира на закон за политички цели за да им биде алатка за затскривање на сите криминали и во иднина.

-Господине Манчевски не можете вие да бидете и судија и се останато, вие сте политичар, како министер ваше право е да создадете можност судството да биде целосно независно, да им дадете право на професионалците да си вршат својата работа, но вас изгледа поважно ви е да ја имате целосната моќ таму, за да одлучувате за други постапки во иднина му посочи Мисајловски на Дамјан Манчевски.

Мисајловски истакна исто така дека не може да се носи закон за политички цели, да имаме закон со кој што сите овие криминали кои се случуваат сите овие изминати години да се затскријат и СДСМ да има своја алатка повторно.

-Вие имавте претседател на влада кој се повлече од тело кое требаше да донесе реформи во судството, кои реформи ги направивте вие во судството ?, го праша Мисајловски, министерот Дамјан Манчевски.