петок, 4. декември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Мисајловски: Димитриевски требаше да добие кривична пријава за да признае дека неговите сопартијци се режим

Мисајловски: Димитриевски требаше да добие кривична пријава за да признае дека неговите сопартијци се режим

Градоначалникот на Куманово доби кривична пријава па призна дека неговите сопартијци биле РЕЖИМ.
Но, пред да му ја исценираат кривичната пријава, беа на прав пат и блескаа.

Но, кога лично некој од нив ќе доживее на своја кожа што значи власта на сдсм, тогаш ја согледуваат бруталната реалност.
Изгледа заборавија што прават низ годините на секој што не размислува како нив па да го прогонуваат, но тогаш не беа режим туку пример во регионот нели?

Мотото им е “Зборот е збор”, а си го погазуваат со секоја изјава.
Па така пред еден месец изјавија дека – Работодавачите не смеат да отпуштаат работници во следните 3 месеци.
Но затоа сега донесоа одлука дека – Компаниите ќе можат да отпуштаат работници.

Но тоа е сдсм, никако не им оди да ги погодат мерките.
Па и да си излажат не е страшно, ги научивме сите, они така функционираат!!

Сега после најбрзото заседавање на Уставниот суд за спас на платите на функционерите, власта навидум ќе покажела солидарност.

Ќе работеле сепак за минимална плата, но никако да се откажат од јадење, пиење, репрезентации, привремени вработувања, службени коли, дневници за патување и се што им следува од “солидарните” буџети во институциите кои ги водат.

Затоа кога и да има избори ќе ве победиме сите на купче и тоа не ви бега !!!

Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Коронавирус