недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 70
home Вести

Мисајловски: Денес славиме 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, но и преку еден век постоење на организацијата ВМРО

Мисајловски: Денес славиме 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, но и преку еден век постоење на организацијата ВМРО

Во вестите на Канал 5, изјава даде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој посочи дека денес е убав дена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ слави 29 години од основањето, а ВМРО како организација преку еден век постоење.

-Денеска е еден убав ден каде што славиме 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, но и преку еден век постоење на организацијата ВМРО. Она што е важно и треба да се испрати секако е обединување и слога во Република Македонија. И она што е најважно за сите граѓани е просперитет, но и проекти насекаде околу нас. Ние можеме да забележиме дека две години оваа влада го допре дното и тоа на секое поле, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека постојано слушаме гафови и невистини, а тоа за жал продолжува од страна на оваа влада.

-Граѓаните сакаат нешто подобро, сакаат што нешто ќе ги сплоти, а тоа е се разбира подобра економија, подобри економски можности за сите бизнисмени, подобро здравство, подобра инфраструктура и се она што е околу нас, појасни Мисајловски.