вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Да не дозволиме да ставиме клуч на нашите домашни компании, туку директно да им помагаме

Мисајловски: Да не дозволиме да ставиме клуч на нашите домашни компании, туку директно да им помагаме

Има многу луѓе кои се засегнати со проблеми, во економската фела има луѓе кои гледаат како да ги затворат бизнисите, да ги променат со нешто друго или да си заминат од овде. Да не дозволиме да ставиме клуч на нашите домашни компании, туку директно да им помагаме.

Ова денеска го истакна носителот на листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој беше во посета на Куманово.

-Во посета сум на еден спортски комплекс во Куманово каде имаме можност да разговараме со спортските работници. Тука со мене е и Борко Ристовски да ни помогне во делот на програмата и презентирање на секој проект кој го имаме предвидено за младите, но и за спортистите. Доаѓа време за спортот, за тоа како дополнителен еден денар да одвоиме од акцизата директно за спортот и да вложуваме во нови капитални инфраструктурни проекти. Спортот мора да биде на највисоко ниво во Македонија, нагласи Мисајловски.

Коронавирус