Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервју за Република вели дека целокупниот процес за најважното прашање за државата Владата го води манипулаторски или попрецизно – шверцерски. Додава дека не е доволно што предвидуваат промена на Уставот со цел промена на уставното име, наштетување и менување на идентитетот, отворање на историјата и нејзино моделирање по грчки терк, туку тие посегнаа и по темелите на АСНОМ, а гледаме дека има и процес на отворање на Пандорината кутија, или, како што би рекол Заев „ширење“.
-Според предложените уставни амандмани испадна дека Одлуките на АНСОМ, темелот на државноста, се иредентистички за Грција, па Владата предлага нивно бришење од Преамбулата на Уставот. Значи, не само што води антидржавна политика, владата води измамничка политика, од која произлегува дека партизаните, кои се природни наследници на илинденците, се иредентистички елемент кој ќе биде отфрлен. И да не се залажуваме, овој договор се турка не затоа што граѓаните го сакаат тоа, туку затоа што по пат на уцени и закани, преку монтирани процеси и вештачко корумпирање на пратенички гласови се обезбедува мнозинство во Парламентот, потенцира Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ подвлекува дека ќе се употребат сите демократски алатки за да се спротистават на Преспанскиот договор.
„Ние сме против овој договор и против се што содржи овој договор ќе се спротивставуваме, ќе се дискутира и жестоко ќе се критикува во Парламентот и ќе се употребат сите демоктрстски алатки кои ни се на располагање. Ама конечната победа против оваа власт ќе биде наша, затоа што мора на оваа влада која доживува фијаско и ја турка државата во провалија на секој план да и се стави крај.“