недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Благодарност до сите граѓани кои овие изборни денови не следеа насекаде, благодарам од срце на нашата најсилна Изборна единица 2!

Мисајловски: Благодарност до сите граѓани кои овие изборни денови не следеа насекаде, благодарам од срце на нашата најсилна Изборна единица 2!

Дојде крајот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Поминавме преубави денови, исполнети со многу средби, дружби и разговори за #ОбноваНаМакедонија, пишува на својата Фејсбук страница носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.

Имав прилика да се сретнам со луѓе од најразлични националности и религии, и сите со иста цел и желба. Македонија да биде горда и исправена земја!

Се заблагодарувам на сите кандидати за пратеници во Изборната единица 2, на сите Општински Комитети, претседателите на Општинските Комитети, коалиционите партнери од коалицијата “За обнова на Македонија” и на сите граѓани кои овие изборни денови не следеа насекаде. Благодарам од срце на нашата најсилна Изборна единица 2!

Горд сум на секој еден од вас, кој рамо до рамо со мене ја водеше оваа изборна кампања и беше цврст сојузник на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.
Секој од вас има своја заслуга во #ОбноватаНаМакедонија која што следи по 15-ти јули. Но, најголемо БЛАГОДАРАМ до сите граѓани кои на 15-ти јули ќе ни ја дадат својата поддршка.

Имавме најдобра, позитивна и сеопфатна изборна кампања и покажавме дека можеме да ја пренесеме убавата енергија насекаде, за да се сплотиме и да ја пратиме пораката за надеж и поубав живот.

На 15-ти јули победува народот, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија!

И С П Р А В И С Е М А К Е Д О Н И Ј О!
О Б Н О В А ТА П О Б Е Д У В А!, пишува Мисајловски.

Коронавирус