сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 4
home Вести

Мирческа: Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми е замајување на јавноста

Мирческа: Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми е замајување на јавноста

Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми е замајување на јавноста. Одговорност мора да има и на повисоко ниво. Одговорност мора да има и морална и кривична, вели Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочува дека директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата.

-Тој е назначен и претпоставените во хиерархијата морале да имаат увид во неговата работа и да реагираат на несоодветното постапување многу порано, пред да се случи трагедијата, односно последиците по детето. За ова одговорност имаат сите над него, почнувајќи од првиот човек во МТСП, Министерката Мила Царовска. Четири дена јавноста чекаше одговор и одговорност од институциите. Одговорност нема. Оставката на директорот е само замајување на јавноста и затскривање на вистинските виновници. Одговорност мора да има и во ОЈО и МВР, кои повеќе од 6 месеци не преземале никакво дејствие во насока на заштита на девојчето, вели Мирческа.

ОЈО и МВР, додава таа, не презеле никакво дејствие во однос на кривичната пријава против злоставувачот. Овие институции не постапиле и ги игнорирале фактите.

-Повеќе од 6 месеци детото е оставено незаштитено од државата, која има одговорност да се грижи за него. Институцијата која била задолжена за нејзина заштита се претворила во институција за нејзино мачење. Скандалозниот однос на институциите и негрижата која ја манифестираат државните органи е недозволив. Министерката Царовска и сите институции кои направиле пропуст во делувањето и не му пружиле заштита на злоставуваното девојче мора да сносат морална и кривична одговорност. Царовска не смее да се затскрива зад директорот на Домот и мора да преземе одговорност. Информацијата дека е силувано и забременило малолетно девојче во државна институција, кое треба да биде под државна заштита  не беше доволен повод Министерката за труд и социјални работи, Мила Царовска да преземе итни мерки за заштита, нагласува Мирческа.

Институциите не смеат да молчат. Судбината на детето не смее да биде жртва на неодговорноста и негрижата на власта. Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат одговорност и оставка од Царовска.

Коронавирус