недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мираковска од СДСМ одбила дебата со Ане Ласкоска

Мираковска од СДСМ одбила дебата со Ане Ласкоска

Вечерва,во 21.10h следете не на ТВ Алфа во ,,Што не е јасно”!

Требаше да биде дебата со Соња Мираковска, но само што ми јавија дека Соња не одговорила на поканата за учество во емисијата, објави на Фејсбук кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4 Ане Ласкоска.

Јас сум втора на листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а Мираковска втора на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата. И двете во 4ИЕ.

Вечер имаме можност да дебатираме, да се спротивставиме со аргументи и со програма и проекти да ја побараме поддршката на граѓаните.

Затоа, ја повикувам и охрабрувам Мираковска да дојде на дебата.

Јас сум од Прилеп,а Соња од Скопје. Може многу побрзо и полесно од мене да стигне во ТВ Алфа.

#ДоаѓаОбноваНаМакедонија

Коронавирус