недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Минута турирање, болка, солзи и црни ленти: Колегите на починатиот Александар со последен поздрав по трагедијата (ВИДЕО)

Минута турирање, болка, солзи и црни ленти: Колегите на починатиот Александар со последен поздрав по трагедијата (ВИДЕО)

Денеска во Кичево најискрено и длабоко сочуство кон најблиските, изразија сите учесници возачи на Кичево Круг со едноминутен молк на местото каде вчера нивниот драг пријател и колега Александар Кочeвски трагично го загуби својот живот.

-Пријателе, секогаш ќе останеш во нашите срца. Искрено сочуство до семејството и најблиските, порачаа тие.

Со голема болка во срцето, солзи во очите и црни ленти на своите автомобили, колегите на прерано загинатиот Александар со минута турирање му дадоа поледна почит.

Александар Кочeвски почина вчера за време на пробната трка.

Редакцијата на КУРИР изразува искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите!