среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Вести

Министрите Шекеринска и Димитров избегаа од ТВ дуел со Александар Николоски

Министрите Шекеринска и Димитров избегаа од ТВ дуел со Александар Николоски

Во вечерашното гостување на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисија „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на опозициската партија беше сам во студиото, без претставник на власта. Биле поканети министрите Радмила Шекеринска и Никола Димитров, но не се појавија во студиото на МТВ. Иако Шекеринска и Димитров биле подготвени за соочување, соопштиле дека не можат да се прилагодат со термините за реализација на емисијата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски на ова додаде:

Мене ми е жал, еве колку што сум информирам веќе трета недела се обидуваме да се соочиме или со Шекеринска или со Димитров, но и едниот и другиот бегаат, рече Николоски.

Тој ја потсетува јавноста дека последен пат кога еден од нив собра храброст за дуел или дебата, тоа беше пред референдумот.

Од тогаш избегнуваат не само на националниот сервис, туку и на приватните телевизии да се соочат со мене, веројатно им е страв дека аргументите се на моја страна, потенцираше Николоски.