понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Министерството за здравство соопшти во каква состојба е пациентот кој доби ново срце, 30 и 23 годишни пациенти ќе добијат бубрег

Министерството за здравство соопшти во каква состојба е пациентот кој доби ново срце, 30 и 23 годишни пациенти ќе добијат бубрег

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт.

Од Министерството информираат дека рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

-Благодарност до тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за Урологија предводени од д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа интервенциите во операционите сали. Благодарност до медицинскиот персонал од Клиниката за нефрологија и Клиниката за трансфузиологија кои ги подготвија младите пациенти кои ги примија органите. Во исчекување сме на следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија, се вели во сооптението.

Трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат пореку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска.

Голема благодарност до болничките координатори од КАРИЛ и Неврохирургија кои ги водат пациентите во мозочна смрт и разговараат со смејството за можноста за донирање на органите, во тие најчувствителни моменти. Благодарност и до тимовите во Рентген институот, од Институтот за трансфузиологија, од Клиниката за нефрологија и Клиниката за кардологија како и тимовите за трансплантација од хируршките клиники и тоа Кликината за кардиохирургија, Урологија и Ортопедија, како и од приватната болница Жан Митрев.

Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозчна смрт сите овие тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем.

Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблиското семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти.

Во изминатата една година во земјава се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрези. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

ЕУРО 2020

Македонија