понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за правда ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, продолжуваат преговорите

Министерството за правда ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, продолжуваат преговорите

Министерството за правда ги прифати принципите укажани од ВМРО-ДПМНЕ и повика да продолжат разговорите на работните групи за предлог текст на новиот закон за Јавното обвинителство.

По неколкудневно негирање, од правда признаваат дека е важно законот за јавно обвинителство да ги вклучува, развива и целосно да ги имплементира овие принципи.

„Подготвеноста за развивање, но и целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, не е само обврска на Владата, туку треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чија ориентација е европската интеграција“- се вели во дописот од министерството за правда.

Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ поднесе три принципи врз кои треба да се темелат понатамошните разговори за текстот на законот. Тоа беа принципот кој бара вметнување на препораките од 11 меѓународни документи кои водат до современо јавно обвинителство, потоа почитување на човековите права преку обвинителство кое ќе ги штити граѓаните и го следи европскиот суд за човекови права, како и принципи кои водат до независно транспарентно, отчетно и обвинителство подалеку од канџите на власта.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај притисоците не потклекна и не остави можност за трговија со ниеден од принципите кои ги постави како основа за натамошен разговор. Од власта до вчера тврдеа дека ќе повикаат дури и меѓународни сили за да им помогнат во трговијата со пратеници за да им мине првично изработениот текст, со редовна реторика дека единствено што барало ВМРО-ДПМНЕ е амнестија на криминалот.

Вечерва според соопштението од Правда, ги прифаќаат забелешките и очекуваат да продолжат разговорите за предлог законот за јавно обвинителство, за тој да биде донесен заеднички и со тоа да се овозможи практично имплементирање на сите меѓународни принципи за работа на јавното обвинителство.

Коронавирус