петок, 24. септември 2021. Вести денес: 86
home Вести

Министерството за одбрана ќе троши скоро 900.000 денари на маслинки и модри сливи

Министерството за одбрана ќе троши скоро 900.000 денари на маслинки и модри сливи

Министерството за одбрана ќе троши скоро 900.000 денари за набавка на маслинки и сливи. Така во делот на Назив на договорниот орган стои министерство за одбрана – сектор за логистика, додека во делот на предмет на договорот за јавна набавка стои брашно пченично, оцет, маслинки, сушени модри сливи и шеќер.

Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 889.560,00.

Радмила Шекеринска од кога е дојдена на чело на министерството за одбрана го следат скандали со набавки на морски плодови на шкампи, а исто така скандалозна беше и набавката на апетисани и чоколадо.

Министерството за одбрана на чело со Шекеринска познато е по скандалозните нарачки и трошење на државни пари. Така само пред некој ден излезе иформација дека министерството за одбрана склучило договор за набавка на ајвар, тестенини, печурки и путер за скоро 800.000 денари.

Според критичарите неодговорното трошење на парите на граѓаните од страна на првите луѓе на иснтитуциите е скандалозно, посебно во време на пандемија и економска криза кога 60.000 луѓе ги загубија работните места. Државата континуирано се задолжува и се наоѓа пред банкрот додека првите луѓе на државата уживаат во луксуз.

Коронавирус