сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Министерството за образование испорача искинати и мувлосани учебници

Министерството за образование испорача искинати и мувлосани учебници

Министерството за образование и наука тотално потфрли во подготовката на новата учебна година. Онлајн насатавата започна со многу проблеми и со еден месец задоцнување, а учениците и родителите се жалат и дека министерството им испорачало искинати, мувлосани учебници, некои и без страници и корици. А некои учебници и воопшто не се испорачани како на пример за македонски и француски јазик, историја за 6-то одделение, географија за 8-мо одделение и многу други. Родителите велат дека се случува хаос, катастрофа и го обвинуваат министерството за образование дека го преспало летото, наместо да ги направат сите подготовки за учениците успешно да ја започеа новата учебна година.

И покрај тоа што учениците алармирале кај своите професори и директори на училишта, министерството сеуште не им испорачува нови учебници. Според анкетата што ја спроведе порталот деца.мк, коментарите на родителите се остри. Едни велат дека училиштата барале нови учебници од Министерството за образование, но тие сеуште не се испорачани. Родителите се жалат дека децата немаат од што да ушат, дека наставниците им испраќаат учебници по електронска пошта со препорака да ги испечатат или да почекаат уште малку. Според анкетираните, најголем дел од нив одговорноста ја гледаат во Министерството за образование и наука.

-Во државата бесплатно школување? Не. Не треба да велат дека е бесплатно кога освен лаптоп сега треба да купувам и учебници, вели еден од испитаниците.

Друг испитаник вели дека учебниците се партал. Тогаш нема потреба од бесплатни учебници. И нема потреба од фамозни тендери на неколку фирми да печатат огромни тиражи.

Хаос, лошо, неодговорност, катастрофа се кусите коментари на оние што ги напишале во анкетата.

Коронавирус