недела, 27. септември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Министерството за информатичко општество и администрација вработува ИТ техничари со средно уметничко

Министерството за информатичко општество и администрација вработува ИТ техничари со средно уметничко

Министерството за информатичко општество и администрација објави оглас за вработување на 14 (четиринаесет) лица на неопределено време на работна позиција – Техничар за одржување на ИКТ опрема во основните и средните училишта.

Во условите потребни за да се биде примен на оваа работна позиција е наведено дека се бараат и лица само со завршено средно образование и лица кои имаат завршено средно уметничко.

Според упатените ваквите квалификации не соодветствуваат за оваа работна позиција па оттука во јавноста се наметнува прашањето дали станува збор за партиски вработувања во ек на референдумска кампања или пак вработување на партиски и неадекватен кадар.

 

Коронавирус