петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 53
home Вести

Министерството за економија предлага трговците на мало во туристичките места да можат да работат во недела

Министерството за економија предлага трговците на мало во туристичките места да можат да работат во недела

Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието на Република Северна Македонија.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците. (МИА)

Коронавирус