вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Министерство за здравство: Брзите тестови се бесплатни за граѓаните

Министерство за здравство: Брзите тестови се бесплатни за граѓаните

Министерството за здравство денеска се согласи со соопштение за кои вели дека пристигнатите брзи тестови за ковид-19 се целосно бесплатни за граѓаните.

„Денеска во Министерството за здравство пристигна 3000 тестови, дел од донацијата од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.

Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19. Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија.“, велт од министерството за здравство.

Најнови вести

Локални избори 2021