петок, 4. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Министерство за економија предлага забрана за извоз на брашно

Министерство за економија предлага забрана за извоз на брашно

Формирање на фонд за поддршка на туризмот и забрана за извоз на брашно се предлозите што денеска Министерството за економија ќе ги достави до Владата како мерки за ублажување на последиците од коронавирусот.

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференцијата на економскиот тим во Владата рече дека ситуацијата со увозот и извозот будно се следи и доколку има потреба во соработка со надлежните институции ќе се воведе забрана за извоз и за други основни прехранбени продукти.

– Во текот на кризата заедно со Министерството за финансии, Царинската управа и Министерството за земјоделство можеби ќе донесеме забрана и за извоз на други продукти, рече Бектеши.

Како Министерство за економија ќе предложат до Владата и формирање фонд за поддршка на туризмот во кој Министерството ќе пренамени средства во висина од 44 милиони денари, а Агенцијата за промовирање на туризмот ќе го дополни овој фонд со 30 милиони денари.

Ќе се побара и од ЗАМП да ги стави во мирување своите побарувања кон угостителските објекти во следниот шестмесечен период.

Во текот на денот, како што најави Бектеши, ќе биде отворен и кол центар во Пазарниот инспекторат на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилности доколку ги забележат во продавниците. 

Најнови вести

Коронавирус