вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 112
home Вести

Министерот Спасовски се огласи по скандалот со дрога на пратеникот Павле Богоевски

Министерот Спасовски се огласи по скандалот со дрога на пратеникот Павле Богоевски

Министерството за внатрешни работи ќе го третира случајот со пратеникот Павле Богоевски како и секој друг счучај за кој е покрената истрага, затоа што, пред сè, сите сме граѓани на оваа држава, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Без разлика дали некој носи некаква функција или не, тоа не е никаква предност за него, туку напротив, тој само има поголема одговорност. Затоа ниту јас, ниту колегите од МВР немаме никаква причина да не постапуваме за овој случај на начин како и за сите други случаи. Се работи за настан кој е во истрага, но и јавноста знае дека не станува збор за разговор што бил прислушуван од страна на институциите, туку бил сниман со мобилен телефон или друг уред. Добро е сето тоа да се расчисти затоа што сакаме да застанеме на патот на злоупотребата на снимањето и нарушувањето на приватноста на кој било човек. Што се однесува до сличниот случај во Прилеп, со прислушуваните разговори, истрагата е при крај и деновиве очекувам да биде поднесена кривична пријава, истакна Спасовски. (МИА)