вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 172
home Вести

Министерот Николоски демантира дека негов роднина бил фатен во обид за шверц

Министерот Николоски демантира дека негов роднина бил фатен во обид за шверц

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најостро ги демантира информациите изнесени во медиумите дека негов прв братучед е фатен во обид за шверц.

„Дека станува збор за лажни и неточни информации и обид да се изманипулира јавноста, се гледа од самите текстови во кои што не се посочува никакво име, каде и кога се случил настанот, туку само наводна роднинска врска. Јасна е целта да се оцрни и дискредитира името и успешната работа на министерот Николовски, во период кога како никогаш во изминатите 11 години, навреме и неселективно се исплаќаат субвенциите за земјоделците, се носат развојни мерки и крупни проекти за развој на македонското земјоделство, се вели во демантот.

Најнови вести

Коронавирус