петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Министерот Хазби Лика потрошил 4.000 евра на ресторани, Димитров со најголеми трошоци

Министерот Хазби Лика потрошил 4.000 евра на ресторани, Димитров со најголеми трошоци

Во првите пет месеци од годинава, Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор потрошил над 4000 евра државни пари за смеки по ресторани, покажува алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. Најмногу пари или 240.000 денари Хазби Лика потрошил во мензи и ресторани во рамки на институциите, а над 130 000 денари во ресторани надвор од држваните институции.

Овие трошоци се направени до мај годинава, а оттогаш наваму нема податоци ни дали Лика се појавува на работа.

Според записниците објавени на веб страницата, последна владина седница на која е евидентирано присуството на Лика е на 8 мај. Оттогаш името на вицепремиерот стои во извештајот на функционери кои отсуствуваат од седниците.

Ваквите јавно достапни податоци се целосно спротивни од тврдењата на владините портпароли, кои во јули годинава убедуваа дека Лика редовно ги извршува своите работни обврски.

Според алатката за отчетност, рекордер во трошењето државни пари е министерот за надворешни работи. Во првите пет месеци од годината Димитров има потрошено речиси 1.500.000 денари во најголем дел за авионски карти и хотелско смествување во странство. Веднаш зад него е вицепремиерот за европски прашања со потрошени 935.000 денари. До мај Бујар Осамни најмногу пари, или над 3000 евра има потрошено на ресторани надвор од држваните институции, по што следуваат холетско смествување во странство и авионски карти. Трета на листата е вицепремиерката и министерка за одбрана. За пет месеци Шеќеринска има потрошено нешто повеќе од 10 000 евра.

Најнови вести

Коронавирус