сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Министерот Димитров со навреда за Македонците: Ние сме нација со комплекс

Министерот Димитров со навреда за Македонците: Ние сме нација со комплекс

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, предизвика бура реакции по неговото вчерашно обраќање од собраниската говороница, при расправата за утврдување на нацрт-амандманите.

-Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат, кажа Димитров.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа извинување од министерот.

-Постојано во минатото и денес да си негиран, омаловажувам и дискредитиран по секоја цена и од секој од секаде тогаш ваквиот начин на реагирање како и на граѓаните кои милион и двесте не излегоа на референдумот можете да го наречете како сакате, но почитуван министер бараме искрено ако може да се сочува нешто од тој наш комплекс кој за жал вас ве иритира и ве нервира. Верував дека кај власта ќе проработи националното чувство и патриотизмот и заедно како што впрочем и требаше да биде од самиот почеток да изнајдеме начин по достоинствен пат до нашата заедничка определба или цел, а тоа се евроатланските интеграции, но под еден услов да ја прецизираме и бетонираме нашата заедничка црвена линија која ќе значење да не мора да се збогуваме со нашиот Устав чие менување ќе донесе збогување со нашето уставно име, реплицираше Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус