четврток, 6. август 2020. Вести денес: 173
home Вести

Министерот Димитров ширел лажни вести за политички противници (ФОТО)

Министерот Димитров ширел лажни вести за политички противници (ФОТО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ширел лажни вести кога јавно на телевизија тврдел дека вториот на листата на кандидати на опозицијата во изборната единица 5 Антонио Милошоски избегнувал да прими покана за на суд.

За време на ТВ дуел во емисијата Само Вистина на Канал 5 Димитров пред десетина дена побара носителката на опозицијата во И. Е. 1 да влијае на Милошоски да ја прими поканата од која според него тој бегал.

Но според документите до кои дојдоа дел од медиумите ова тврдење на Димитров е лага затоа што Милошоски уште во април ја примил поканата за на суд за која зборува Димитров.

Предходно и самиот Милошоски изјави дека поканата ја добил одамна но Димитров досега не се извини за лажната вест.

Со лажните вести што ги шири Димитров се покажува дека тој е подготвен во јавноста да не ја кажува вистината за да постигне политички поени а притоа да не ја преземе одговорноста за искажаните лаги.

По објавувањето на поканата која Милошоски ја примил уште во април останува отворено прашањето дали Димитров е подготвен да им се извини на јавноста, на Силјановска и на Милошоски за грубата манипулација со поканата за на суд.

Ианку самата покана за Милошоски кој тој уредно ја примил е политички спорна затоа што иако за тој случај истрагата траела со години таа е испратена на два дена пред оргиналниот датум за предвремени избори 12 април.

Сличен ваков гаф под политички притисок како на обвинителството во случајот Милошоски лани направи и Државната антикорупвиска комисија која на два дена пред изборите за претседател отвори случај за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој подоцна се покажа дека нема никаква основа.

Целта на поканата за Милошоски чиј датум на упатување е најверојатно диригиран од политички центри блиски на Димитров е во јавноста во текот на кампањата да се прикаже дека политичките ривали на СДСМ имаат проблем пред законот.

Посебно прашање е од каде Димитров бил лажно информиран дека Милошоски наводно не ја прима поканата кога тоа прашање е во исклучива ингеренција на правосудните органи и извршната власт не смее да добива вакви информации.

Дури и да имал точна информација Димитров не смеел да ја злоупотребува за политичка поени во кампања затоа што така го дерогира правосудниот систем пред почетокот на преговори за ЕУ.

Во еден период во времето на ВМРО-ДПМНЕ Димитров му бил потчинет дипломат на Милошоски кој му бил шеф како министер во МНР а тие двајцата заедно беа ко-агенти на Македонија пред Судот на правдата во Хаг за тужбата против Грција.

Коронавирус